Може ли светот без руски гас и нафта?

Нафта / Фото: Архива на Слободен печат

САД, Велика Британија и ЕУ најавија дека ќе го ограничат увозот на руска нафта како една од бројните санкции воведени поради руската агресија врз Украина. Може ли светот да функционира без руска нафта?

Какви санкции постојат за руската нафта и гас?

Соединетите Држави најавија целосна забрана за увоз на руска нафта, гас и јаглен, откако Украина апелираше на проширување на санкциите кон Москва.

Велика Британиjа постепено ќе ја исфрли од употреба руската нафта до крајот на годината, а ЕУ го намалува увозот на гас за две третини. Британската влада вели дека тоа им дава доволно време да најдат алтернативни извори за снабдување, пренесува Би-Би-Си.

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека отфрлањето на руската нафта ќе доведе до „катастрофални последици за глобалниот пазар“.

Цените на нафтата и гасот нагло пораснаа и може уште повеќе да пораснат доколку Русија престане да извезува. Но, не се работи само за гориво, и животниот стандард во Британија ќе биде погоден, а светските цени на суровините уште повеќе ќе се зголемат.

Бриселското седиште на руската енергетска корпорација „Лукоил“  / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Русија е трет најголем производител на нафта во светот, зад САД и Саудиска Арабија. Од приближно пет милиони барели сурова нафта што ги извезува секој ден, повеќе од половина оди во Европа.

Рускиот увоз сочинува 8% од вкупната побарувачка на нафта во Велика Британија. Соединетите Држави се помалку зависни од околу три отсто од нафтата увезена од Русија во 2020 година.

Што е со алтернативните резерви на нафта?

Аналитичарите кои се занимаваат со истражување на енергетската политика сметаат дека би требало да биде полесно да се најдат алтернативни снабдувачи на нафта отколку гас, бидејќи, како што велат тие, „има толку многу нафтоводи – некои доаѓаат од Русија, но има многу испораки од други места“.

САД побараа од Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта, но ги отфрлија претходните барања на САД за зголемување на производството со цел да се намалат цените на нафтата.

Саудиска Арабија е најголемиот производител во ОПЕК, нафтен картел кој сочинува околу 60 отсто од суровата нафта што се тргува на меѓународно ниво. Затоа, ОПЕК има клучна улога во влијанието на цената на нафтата.

Русија не е во ОПЕК, но со неа работи од 2017 година на поставување ограничувања за производството на нафта со цел да ја задржи заработката за производителите. Соединетите држави исто така бараат да ги олеснат нафтените санкции на Венецуела. Порано беше клучен американски снабдувач на нафта, но неодамна Венецуела најмногу и продаваше нафта на Кина.

Новинарски екипи пред седиштето на ОПЕК во Виена / EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Што би се случило доколку гасот престане да доаѓа во Западна Европа?

Цените на парното – кои се и онака високи – би се зголемиле уште повеќе. Рускиот гас сочинува околу 40 отсто од увозот на природен гас во ЕУ.

Доколку запре испораката, Италија и Германија би биле особено ранливи. Европа би можела да се сврти кон постоечките извозници на гас како Катар или Алжир и Нигерија, но постојат практични пречки за брзото проширување на производството.

Русија обезбедува само околу пет проценти од гасот во Велика Британија, а САД не увезуваат руски гас. Сепак, цените во Велика Британија и САД продолжија значително да растат поради штетното влијание на недостигот од нафта .

Дали може да се најдат алтернативи за рускиот гас?

Барањето нови алтернативи не би било лесно, сметаат добрите познавачи на приликите.

„Потешко е да се замени гасот бидејќи ги имаме овие големи цевки што го водат рускиот гас до Европа“, велат тие.

Гасовод Јамал - Европа кај Минск
Станица за компресија на гасовод во Русија /Фото: EPA/MAXIM MALINOVSKY

Проценките се дека доколку Русија го запре испораката на гас во Европа, Европа би можела да увезува повеќе течен природен гас од САД. Исто така, може да ја зголеми употребата на други извори на енергија, но тоа не е ниту брзо ниту лесно.

„На обновените извори им треба повеќе време за да се воведат, така што ова не е решение на краток рок“, вели аналитичарот Симон Талиапиетра.

„Значи, за следната зима – она ​​што може да направи разлика е замената на горивото, како што е отворањето на електрани на јаглен, како што планираат Италија и Германија да направат во итен случај“, потенцира тој.

ЕУ предложи план да ја направи Европа независна од руските фосилни горива пред 2030 година – вклучувајќи мерки за диверзификација на снабдувањето со гас и замена на гасот во производството на греење и електрична енергија.

Како ќе заврши војната? Американски аналитичар: Ова се двете сценарија, а и двете се опасни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот