Мото ГП: Франческо Бањаја победник на трката во Холандија

фото: EPA-EFE/Vincent Jannink

Италијанскиот возач на Дукати, Франческо Бањаја е победник на денешната трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Холандија.

Второто место го освои возачот на Прамак Дукати, Шпанецот Хорхе Мартин, кој заостана три и пол секунди зад победникот.

Третото место го зазеде фабричкиот возач на Дукати, Италијанецот Енеа Бастианини.

Бањаја вчера победи и во спринтерската трка, сега е втор во генералниот поредок со 190 бодови, прв е Мартин кој има 10 повеќе.

Дукати е прв во конкуренција на конструктори со 278 бодови, Априлија е втора со 155.

Следната трка од Мото ГП шампионатот е Германското ГП следниот викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот