Мора да се прогласи енергетска криза, вели Бранко Азески

Бранко Азески / 3 ноември 2021 / фото: Телма/принтскрин

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, смета дека мора да се прогласи енергетска криза и уверува дека компаниите нема да се соочат со рестрикции.

– Оваа работа не може да помине без прогласување на енергетска криза во државата. Не знам какви се ингеренциите во ваква констелација на Влада која е во оставка во моментов, но криза мора да прогласи за полесно да ги носи решенијата во моментот кога ќе тргне огромната потрошувачка со промената на временските услови и со резервите што ги имаме, истакна Азески вечерва во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

Тој вели дека веројатно ќе дојде до здружување на компаниите за купување на електрична енергија за цела 2022 година по фиксна цена која ќе ја платат авансно, со што ќе ги обезбедат потребните количини.

– Покрај тоа што соработуваме со Владата, ние бараме и наши решенија. Имаме неколку можности кои ги разгледуваме. Веројатно ќе дојде до здружување на компаниите за купување на електрична енергија за цела 2022 година по фиксна цена и ќе ја платиме авансно и така ќе ги обезбедиме потребните количини за да подготвени го пречекаме почетокот на годината. Има можност за наше вклучување во активностите што ги презема државата за подигнување на степенот на производство на електрична енергија, а ќе има и солидарни потези кои ќе ги направиме како Западен Балкан, како Управен одбор на Коморскиот инвестиционен форум каде јас сум копретседател. И таму поверуваме иницијатива и бараме од Европската енергетска заедница и Европската комисија да помогнат, вели Азески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот