МОН од денеска ќе ја исплаќа неисплатената финансиска поддршка за учениците

Средношколци со ранци / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Министерството за образование и наука од денеска вети исплаќање на паричните средства за основците и средношколците коишто не беа реализирани претходно. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ги задолжи надлежните да направат детален преглед на нереализираните финансии што треба да ги добие секој ученик кој ги исполнува условите за остварување на ова право.

-На првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право. Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од утре – соопштија од Министерстово.

Во тек е пријавувањето за парична помош за околу 120 илјади ученици и студенти

Финансиската поддршка беше дел од деветтиот пакет антикризни мерки на претходната влада. Право на финансиска поддршка од 1200 денари имаат основците, односно 1800 денари им следуваат на средношколците. Во изминатите месеци исплатата на средствата не беше редовна, а од МОН тврдеа дека средствата не се исплаќаат поради некомплетна документација од страна на учениците.

Шаќири: Пари добија основците и средношколците кои имаат комплетна документација

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот