Момчето на Тејлор Свифт откри детали од средбата со принцот Вилијам, особено ја пофали принцезата Шарлот

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Американскиот спортист Тревис Келси ги раскажа деталите од неговата средба со принцот Вилијам по неодамнешниот концерт на Тејлор Свифт, на кој принцот присуствуваше со децата принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Фудбалерот, инаку момче на Тејлор, се сретнал и со децата на принцот, за што вели дека му било големо задоволство.

– Не бев сигурен дали треба да се поклонам или само да бидам американски идиот и да се ракувам. Сакав да бидам пристоен. Меѓутоа, не бевме на официјален кралски настан, па немаше потреба од поклонување – раскажало момчето на Тејлор Свифт, пренесува „Дејли мејл“.

Тој признал дека се чувствувал малку „вкочането“, а потоа го пофалил принцот Вилијам.

– Тој беше фантастичен, им дозволи на децата да бидат гласни. Принцезата Шарлот е преслатка – додал Келси.

За потсетување, минатата недела Тејлор Свифт го започна лондонскиот дел од својата турнеја „Ерас“ на распродадениот стадион Вембли. Принцот Вилијам дојде на концертот со своите деца. Дојдоа и други членови на британското кралско семејство, Зара и Мајк Тиндал.

Принцот Вилијам се пофали и со фотографија со познатата пејачка.

„Благодарам, Тејлор, за одличната вечера“, напишал принцот.

ВИДЕО | Принцот Вилијам танцуваа и пее на концерт на Тејлор Свифт

Обожавателката на Тејлор Свифт, девојчето кое се сретна со неа на концерт, почина на 9-годишна возраст од рак на мозокот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот