Момче и девојка тешко повредени во несреќа на автопатот кај Градско

Полиција: Фото-МИА

Момче и девојка, двајцата на возраст од 22 години, вчера попладне се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Градско, соопшти полицијата.

„На 27.09.2024 околу 17.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Градско, пред с.Виничани, општина Градско, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(22), излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Е.К.(22), двајцата од Крушево, констатирани во Општата болница во Велес“, велат од МВР.

На местото бил извршен увид од екипа на СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот