„Мојот белег“ групна изложба на уметници во КИЦ

Плакат за изложбата „Мојот белег“/ Фото: КИЦ

Вечерва во 19 часот во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 2 се отвора групната изложба наречена МОЈОТ БЕЛЕГ.

На изложбата ќе бидат изложени девет дела работени во повеќе сликарски техники, графики и дигитален принт од ликовните уметници: Ана Темкова, Јана Јакимовска, Ана Ивановска, Шќипе Мехмети, Симонида Филиповска Китановска, Жанета Глигориевска, Жанета Гелевска Велковска – Жани, Јана Манева Чупоска и Емилија Божиновска.

Изложбата ќе биде отворена до 30 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот