МНР со апел до македонските државјани во Израел да го следат Националниот портал за итни случаи

МНР - Министерство за надворешни работи - зграда / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерството за надворешни работи апелира до сите македонски државјани кои се во Израел да го следат Националниот портал за итни случаеви – Home Front Command специјализиран за цивилна заштита, кој излезе со нови препораки до населението и да ги почитуваат сите други упатства на надлежните институции на Израел.

-Министерството за надворешни работи на Северна Македонија на располагање ги има и двата СОС дежурни телефони – 075/273-732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 – се наведува во соопштението.

Во Тел Авив и централен Израел, утрово се огласија сирените за тревога, по што војската на земјата соопшти дека пресретнала проектил кој бил истрелан од Либан.

Според израелскиот весник „Хаарец“ ова е првпат главниот град на Израел, Тел Авив, да биде цел на ракетен напад од Хезболах, кој доаѓа во период кога израелската војска продолжува со воздушните напади врз, како што тврди, позиции на милитантната група во јужен Либан.

Израелската војска соопшти дека проектилот бил пресретнат и оти нема извештаи за предизвикани штети или жртви.

ВИДЕО | Одмазда за експлозиите со пејџери: Хезболах истрела проектил кон седиштето на Мосад 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот