МНР: Граѓаните да не патуваат во Израел, Иран, Либан и палестинските територии

Министерството за надворешни работи упати апел до државјаните на Република Северна Македонија да избегнуваат патувања кои не се неопходни, во Израел, Иран, Либан и палестинските територии.

Ова следи по информациите за можно влошување на безбедноста во Израел и во регионот.

„Во оваа прилика, посочуваме на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл адреса [email protected] ) како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732/ +389 268 736 (меил адреса [email protected] )“, велат од МНР.

Израел се подготвува за директен напад од Иран во рок од два дена, но Иран сè уште нема донесено конечна одлука за нападот, се вели во најновиот извештај на светските агенции.

Како што пренесува агенцијата „Aнадолија“, повикувајќи се на извор, американскиот „Wall Street Journal“ тврди дека по нападот на Израел врз зградата на конзулатот во комплексот на иранската амбасада во Дамаск, се очекува потенцијалната одмазда на Техеран да биде директно насочена кон Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот