МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР - Министерство за надворешни работи - зграда / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум.

Од МНР потсетија дека можат да се обратат на СОС дежурните телефони на Министерството +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и на дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, која е целосно екипирана и ставена на располагање за македонските државјани.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел, Иран и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување“, посочија од МНР.

Од ресорното министерство го осудија синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили, а Амбасадата во Тел Авив веќе стапила во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на земјава.

 

ВИДЕО | Андоновиќ: Пет клучни прашања по нападот на Иран – Се очекува следниот потег на Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот