Многу блиску до нас: Во Србија се појавил опасен јапонски комарец

Јапонски комарец Фото: Википедија/ CDC-Gathany-Aedes-albopictus

Се смета за компетентен вектор за пренесување на вирусот Западен Нил, Јапонски енцефалитис, но и Денга и Чикунгуња кои ги пренесува тигрестиот комарец.

Во Србија, покрај азискиот тигрест комарец кој пренесува денга треска, откриен е и јапонскиот комарец (Aedes japonicus) кој пренесува јапонски енцефалитис, како и вирусот Западен Нил и денга вирусот.
И двата вида комарци се на листата на 100 најопасни инвазивни видови во светот, а првото место го зазема тигрестиот комарец.

Професор д-р Александра Игњатовиќ Ќупина од Земјоделскиот факултет во Нови Сад изјави дека во Србија живеат 49 видови комарци кои припаѓаат на 7 рода и дека покрај нив ги имаме и овие два вида.

„Тоа се азискиот тигрест комарец – aedes albopictus, кој е активен и при високи летни температури, но и јапонскиот комарец “, изјави проф. д-р Игњатовиќ Ќупина на научниот собир на Српската академија на науките и уметностите (САНУ).

Јапонскиот комарец првпат беше пронајден во Србија во 2018 година на граничниот премин со Хрватска, во Љуба, а во 2019 година на територијата на Лозница. Се смета за компетентен вектор за пренесување на вирусот Западен Нил, Јапонски енцефалитис, но и Денга и Чикунгуња кои ги пренесува тигрестиот комарец.

На истата средба, доц. Д-р Михаела Кавран, исто така од Земјоделскиот факултет во Нови Сад, рече дека азискиот тигрест комарец е прв на листата на 100 најопасни инвазивни видови во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот