Мистериозно исчезна францускиот Екскалибур стар 1.300 години

Фото: Принтскрин/ Икс

Француската верзија на мечот Екскалибур, кој повеќе од 1.300 години беше заглавен во карпа во Рокамадур во Јужна Франција, исчезна, а француската полиција започна истрага.

Се верува дека мечот, кој се смета дека има магични својства и бил туристичка атракција, бил украден, но прашање е кој успеал да го украде кога бил вграден на 10 метри над земјата, на непристапно место, пренесува британски „Телеграф“.

Тој меч, наречен Дурандал, му припаѓал на витез на Карло Велики и според легендата, бил неуништлив и најостар од сите мечови, а неговите својства биле опишани во Песната на Роланд од 11 век.

Според легендата, мечот бил вграден во ѕид од карпа во градот, во близина на светилиштето посветено на Дева Марија. Градоначалникот на Рокамадур, Доминик Ленфант изјави дека градот е уништен.

„Како да е украден дел од градот, судбините на нашето село и овој меч се испреплетени“, рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот