Мистериозен напаѓач стрела врз луѓе со воздушна пушка во Белград, никој не знае од каде пука

Повозрасна жена вчера среде бел ден била погодена со истрел од воздушна пушка во Нов Белград, јавуваат српските медиуми, додавајќи дека ова не е изолиран случај, туку дел од серија слични напади зад кои стои непознат сторител.

Жителите на улицата „Отон Жупанчиќ“ подолго време пријавуваат дека непознат сосед гаѓа луѓе со воздушна пушка на фреквентни локации во населбата.

– Во близина има голем пазар, како и терен каде си играат деца. Беше само прашање на време кога ќе се случи вакво нешто, а тој често пука. Таму е погодена една постара жена, за среќа не е ништо опасно, но сите сме во страв – вели жителка на улицата.

Несреќната жена дијаболата ја погодила во раката, а таа повикала полиција и брза помош. Остатоци од проектилот сè уште се во нејзината рака.

Од насоката од која било пукано има три влеза и многу станови, па тешко е да се утврди кој точно го направил тоа, може да биде кој било. Сепак, лекарите ѝ рекле на жената дека раната не е страшна и дека фрагментот кој сè уште е во нејзината рака, ќе падне како што ќе зараснува раната.

Целото соседство е во страв бидејќи секој може да биде мета, па дури и децата кои често играат на блискиот терен.

„Луѓето се чувствуваат како глинени гулаби. Тие само чекаат да видат кој е следниот, а тоа може да биде кој било. Најмногу се плашат за децата“, вели жената погодена од мистериозниот напаѓач.

За жал, ова не е првиот ваков бизарен случај во Белград – пред една година, 71-годишна жена болна од рак била застрелана од тераса во белградската населба Бежанијска Коса.

„Ја застрела мајка ми, која боледува од рак, двапати од тераса. Ја наполнил пушката и почнал да пука, не му било важно кој е во паркот. Нечие дете можело да биде убиено“, изјави тогаш ќерката на застреланата жена.

Во овој случај, пукачот од воздушна пушка бил откриен и именуван како Срѓан Т.

– Еден човек наутро излегол на терасата и почнал по случаен избор да пука во животните и луѓето во паркот. Скоро пет години поминуваме низ агонија со овој човек. Сепак, никој досега не реагирал од страв. Постојано ги напаѓа жените низ соседството, па дури и девојчињата – изјавила тогаш жената за „Блиц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот