Мишел ја откажа посетата на Подгорица

Шарл Мишел/ EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја откажа најавената посета на Црна Гора, а планираните разговори ќе ги има со претседателот на Црна Гора Јакоб Милатовиќ во Брисел.

„Се договоривме да се сретнеме во Брисел во вторник (2 јули). Важно е Црна Гора да остане фокусирана на европскиот пат“, напиша Мишел на платформата Икс.

Извори од Европскиот совет потврдија дека Мишел ја одложил закажаната посета на Црна Гора на 2 и 3 јули „за да обезбеди успешни разговори со клучните соговорници во земјата, кои не треба да бидат во сенка на последните случувања“, објави Радио Слободна Европа.

Портпаролот на Европскиот совет истакна дека е важно Црна Гора да остане на патот кон ЕУ, по значајната меѓувладина конференција на позитивен ИБАР.

Според претходно планираната агенда, Мишел во Подгорица требаше да се сретне со претседателот на државата Јакоб Милатовиќ на 2 јули, а еден ден подоцна и со премиерот Милојко Спајиќ како и со претседателот на Собранието Андрија Мандиќ, вклучително и говор пред членовите на собранието.

Од РСЕ наведуваат дека посетата е откажана откако Собранието на Црна Гора на 28 јуни ја усвои Резолуцијата за геноцид во Јасеновац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот