Мирна летна сезона на охридското крајбрежје – нема регистрирано позначајни нарушувања на безбедноста на капачите

Охридско Езеро
Охридско Езеро / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Летната сезона на охридското крајбрежје заврпи мирно без позначајни нарушување на безбедноста на капачите, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што информираат оттаму не се пријавени пловидбени несреќи и немаше случаи на давеник во езерските води.

„Полициските службеници од Езерската полиција, интервенираа по еден случај кога на малолетно лице ненадејно му се превртел кајакот по што, безбедно го извлекоа малолетникот, при случај на појава на пожар во пловен објект а успешно извлекоа пловен објект со повеќе лица кој, при лоши временски услови останал дефект во езерските води“, информираат од СВР Охрид.

Во текот на летото биле констатирани 45 прекршоци и санкционирани биле 29 сторители поради небезбедно управување на водни објекти, а откриени биле и 4 илегални преминувања на државната граница во езерските води на лица државјани на Р. Албанија кои се затекнати при незаконит риболов во македонските територијални води.

Против две лица биле поднесени и кривични пријави поради незаконит риболов и одземени биле вкупно 132 рибарски мрежи со вкупна должина од 12820 метри со 2050 парчиња риба пастрмка, белвица, крап и др.видови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот