Министерството за здравство самото се демантираше и го назначи доктор Игор Стојковски за директор на Онкологија

Министерот за здравство Арбен Таравари за нов директор на Клиниката за онкологија го назначи доктор Игор Стојковски. „Слободен печат“ синоќа испрати прашања до Министерството дали Стојковски е новиот директор, на што добивме негативен одговор без да се прецизира кој ќе ја раководи оваа јавноздравствена установа.

Сепак, попладнево Министерството самото се демантираше и соопшти дека сепак Стојковски ќе биде директор на Клиниката за онкологија.

Стојковски е раководител на одделението за малигни тумори на ЦНС, коскени тумори и карцином на кожа и долгогодишен онколог. Претходно со клиниката раководеше доктор Виолета Клисаровска.  Вчера нови медицински директори добија Клиниката за токсикологија и Клиниката за неврологија во Клинички центар „Мајка Тереза“. За нов директор на токсикологија е поставен професор доктор Андон Чибишев, а неврологија ќе ја раководи поранешниот министер за здравство доктор Фатмир Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот