Министерството за јавна администрација даде насоки за „балансерот“ – прекинуваат огласите за работа со наведена етничка припадност

Фото: Profimedia

Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор по одлуката на Уставниот суд за замрзнување на алатката „балансер“ при вработувањата во јавната администрација.

-Во врска со Решението на Уставниот суд на Република Северна Македонија У.Бр.90/24 од 18 септември 2024 година, Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор, опфатени во точката 1 од ова Решение, до донесување одлука на Уставниот суд, соопштија денеска од Министерството.

Институциите ќе добијат посебно Упатство, за да вработуваат во време на стопираниот балансер

Оттаму посочуваат дека веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор се прекинува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор е изготвен согласно актите односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од Решението на Уставниот суд (т.е. во јавниот оглас се наведува припадност на заедница, а пак кандидатот се обврзува во пријавата да ја истакне припадност на заедница).

-Веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор продолжува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор не е изготвен согласно актите односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од Решението на Уставниот суд (т.е. во јавниот оглас не се наведува припадност на заедница ниту пак кандидатот се обврзува во пријавата да истакне припадност на заедница), се наведува во соопштението.

Во Регистарот на вработени во јавниот сектор, како што посочуваат од Министерството за јавна администрација, не се евидентираат податоците за вработените во институциите.

За политичарите „балансерот“ е злоупотребуван, повеќето се за вработувања на квалитетни кадри

Уставните судии на седницата одржана на 18 септември одлучија да отворат предмет за употребата на „балансерот“ при вработувањата во јавната администрација. Во меѓувреме, додека да одлучат дали е уставен или не, „балансерот“ ќе биде „замрзнат.

На седницата уставните судии расправаа дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Владините партнери како раштиман оркестар за балансерот

Претседателот на Уставниот суд и судија известител по предметот, оформен по иницијатива од ДКСК, Дарко Костадиновски, нагласи дека апсолутно не зборуваат за укинување на нечии права и дека според него оваа афирмативна мерка ја има исполнето својата цел и оти само мерит системот и компетентноста треба да се единствен критериум за вработување и унапредување.

Антикорупциската комисија на седницата одржана на 11 јануари годинава одлучи да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преспитување на алатката „балансер“, бидејќи сметаат дека со ова се прават злоупотреби при вработувањата.

Лукаревска: СДСМ е за укинување на „балансерот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот