Министерот Нуредини во самоизолација, ќе работи од дома

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини преку својот фејсбук-профил соопшти дека е во самоизолација поради контакт со лице позитивно на Ковид-19.

– Би сакал да ве известам дека заради претпазливост од вчера изутрина сум во самоизолација. Бев информиран дека лице со кое имав работна средба во вторникот добило позитивен резултат од тестот за Ковид-19 и иако беа испочитувани протоколите за држење физичка дистанца, бев потенцијално изложен на вирусот, пишува Нуредини.

Тој, како што посочува, се тестирал завчера изутрина и резултатот од тестот е негативен.

– Во согласност со препораката добиена од епидемиолозите, ќе останам во самоизолација во деновите кои претстојат и ќе работам од дома. Ви посакувам добро здравје на сите и искрено ве замолувам да водите грижа за вас и сите околу вас, напиша Нуредини на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот