Министерката Тренчевска: Оваа Влада ги покачи пензиите за 24 %,

Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска зборуваше за усогласувањето на пензиите и нивниот раст, состојбата на пензискиот систем, прашањето за минималната пензија и други актуелни прашања во врска со пензиите. во вестите на Сител телевизија.

Во врска со линеарното зголемување од 3500 денари на сите пензионери што претставува 220 милиони евра годишно, министерката посочи дека ваквото зголемување ќе ја стави под прашање стабилноста на фондот.

„Не е праведно некој кој работел 30- 40 години и исто толку години придонесувал во фондот, да се изедначува со некој кој работел 15 години,”рече Тренчевска. Министерката посочи дека во 2022 година за месеците март, април и мај сите 330.000 пензионери добија финансиска помош од 3000 денари, исто така пензионерите со ниски пензии беа дел од пакетот финансиска поддршка за ранливи категории и им беа исплатени 3000 и 6000 денари во зависност од висината на пензијата.

Министерката Тренчевска смета дека пензиите доволно се зголемиле досега.

„За само една година и 8 месеци од овој владин состав пензиите пораснаа за 24 отсто. Минималната пензија беше 9000 денари денес е 12.500 денари, тоа е зголемување за 3500 денари. Воспоставивме систем, и кога ја донесовме новата методологија сите беа задоволни. Јасно е кој стои зад организацијата,” рече Тренчевска.

Министерката посочи дека се прават напори да се внесат што повеќе лекарства на позитивната листа , а со тоа и се намали издатокот за лекови на пензионерите.

Министерката порача дека барањата ќе бидат разгледани и дека заедно со Сојузот на пензионери ќе се разговара за сите отворени  прашања. Бидејќи не се работи за популизам , туку треба да се размислува на системски решенија на долг рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот