Министерката Божиновска има бугарско државјанство, но таа била исклучителен експерт – доколку премиерот ја ставел цела биографија, таа би била неколку тома

Фото: МИА

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска не криела дека има бугарско и чешко државјанство и посочи дека функционерите не можат во биографијата да го стават целиот нивен матичен лист, за се што правеле.

-Не би се согласил дека криела од јавноста. Инаку, во биографијата не гледам причина дека треба нашиот матичен лист да го ставиме и се што сме правеле. Еве јас имам 46 години, затоа што ако напишев во биографијата се’ што сум правел претпоставувам неколку тома ќе беа, така што сакам да ви кажам дека како Влада остануваме отворени кон јавноста. Тоа е нашата политичка определба. Вие новинарите сте наши партнери и ние сме подготвени да одговориме на вашите прашања. Ве молам, ценете ја нашата работа според делата, да ги оставиме политичките игри настрана. Разбирам дека има центри коишто сакаат ова да биде интерес, а не работата на новата Влада, да биде интерес кој имал, кој кому намигнал, кој зошто вака кажал, така кажал, а да не биде интерес пола милијарда евра градинка, училиште, сала, реформи итн, изјави Мицкоски

На повтореното новинарско прашање дали министерката има двојно или тројно државјанство и зошто криела, Мицкоски нагласи дека не се согласува со констатацијата на новинарката и ја упати да побара одговор од лицето за кое прашува.

-Не се согласувам со вас дека ја манипулира јавноста. Ќе го побарате одговорот од лицето за кое што прашувате. Јас можам да кажам дека Сања е исклучителен експерт и европски експерт и сум среќен што ја имам како соработник во мојот тим, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот