Милионерски колач: Чоколадно уживање кое бргу се приготвува

Фото: Richard Francis / Alamy / Alamy / Profimedia

Карамел шортбред е многу едноставен и вкусен шкотски десерт, кој може да се подготви со чоколадо и карамела, пишува „Пун куфер“.

Поради побогатиот вкус на глазурата и карамелата, ваквиот колач се нарекува милионерско печиво или милионерско уживање.

Неретко луѓето ја посипуваат глазурата со крупна сол, за да се истакне вкусот на чоколадото и карамелата, или солени переци, кои служат и како интересна декорација.

Потребни состојки:

Тесто:

  • 250 гр брашно
  • 75 гр шеќер во прав
  • 175 г путер, омекнат

Карамела:

  • 100 гр путер или маргарин
  • 100 гр лесен московадо шеќер
  • 397 гр кондензирано млеко

Глазура:

  • 200 гр чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Премачкајте со путер и обложете квадратен или правоаголен сад за печење со должина од околу 20, 22 см.

За тестото, во сад измешајте 250 гр обично брашно и 75 гр шеќер во прав. Втријте 175 гр омекнат путер додека не добиете смеса што личи на ситна презла. Месете ја смесата додека не добиете тесто, а потоа притиснете ја на дното на подготвениот калап.

Лесно избоцкајте го пецивото со вилушка и печете го дваесетина минути или додека не биде цврсто на допир. Оставете да се излади во садот.

За да ја направите карамелата, во тава ставете 100 гр путер или маргарин, 100 гр светол московадо шеќер и кондензирано млеко и нежно загрејте додека не се раствори шеќерот. Мешајте постојано со процесор за храна за да не се залепи шеќерот на дното на садот. Зголемете ја топлината на средно-висока, цело време мешајќи, а потоа намалете ја топлината на минимум, мешајќи постојано, десетина минути или подолго, додека смесата не се згусне малку – но не премногу долго или колачот ќе биде премногу тврд. Прелијте врз тестото и оставете да се излади.

За глазурата, на пареа полека растопете 200 гр чоколада искршена на коцки. Прелијте со ладната карамела и оставете ја да се стегне. Загрејте го сечилото на ножот во топла вода и исечете го колачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот