Милевски: Ме радува тоа што Македонија се прашува за изгледот на табелата

Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија во октомври ја очекуваат два натпревари од Лигата на нации во кои ќе играме против Летонија и Ерменија. Во двете средби избраниците на Милевски ќе играат како гости.

По објавувањето на списокот од 25 фудбалери, селекторот зборуваше за своите очекувања од овие две средби и откри дека Кристијан Трапановски не е во составот поради повреда.

„За жал повторно имаме повредени играчи. Трапановски нема да биде со нас поради повреда која ја заработи на тренинг и ќе паузира четири до шест недели. Се надевам ќе биде спремен. Дарко Велковски сè уште нема клуб и не е во потребната форма“, изјави Милевски.

Според Милевски по ремито со Фарски Острови и победата со Ерменија, Македонија сега е во позиција да се прашува за изгледот на табелата и ќе биде задоволен ако по овие две средби останаме лидери.

„Пред нас се уште четири натпревари и секој натпревар е подеднакво важен. Гостуваме на Летонија и Ерменија, ме радува тоа што сè зависи од нас и се надевам така ќе остане и по овие две средби. Во овој момент Македонија се прашува за изгледот на табелата, ќе бидеме задоволни ако по овој собир останеме на првото место“, додека Милевски.

За првпат повик во сениорскиот национален тим доби Андреј Стојчевски од редовите на Жилина и тој е повикан поради проблемите со жолти картони кај дел од одбранбените фудбалери.

„Сум го кажал ова многу пати и стојам зад оваа теза, во моментов ми е најважно здравјето на фудбалерите. Не можеме да зборуваме за натпреварувачка форма, тимот го градиме веќе три години и не сме во позиција да го менуваме секој собир. Фудбалерите кои се повикани се најдобри во моментот, без разлика за формата. Секогаш се тука за Македонија и тоа е најважно и на прво место во моментот“, истакна Милевски.

Натпреварот против Летонија го играме на 10 октомври, додека три дена подоцна е средбата со Ерменија.

Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Ерменија и Летонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот