Микати: Либан нема други опции освен дипломатски

Наџиб Микати / Фото EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Либанскиот премиер Наџиб Микати денеска изјави дека неговата земја нема други опции освен дипломатски на прашањето за напорите да се стави крај на борбите меѓу Израел и либанскиот Хезболах.

Тој рече дека засилените борби би можеле да принудат до еден милион луѓе, шестина од либанското население, да избегаат од одредени делови на Либан, и дека ова е потенцијално најголемото раселување во историјата на земјата.

„Тоа е најголемото раселување што може да се случи во Либан“, рече Микати.

Во меѓувреме, министерот за информирање на Либан, Зијад Макари, на седницата на Владата изјави дека се уште траат дипломатските напори за прекин на огнот со Израел, пренесоа израелските медиуми.

„Сигурно е дека либанската влада сака прекин на огнот и сите знаат дека Нетанјаху (израелскиот премиер Бенјамин) отиде во Њујорк врз основа на премисата за прекин на огнот, но беше донесена одлука да се убие Насрала“, рече Макари.

Тој додаде дека дипломатските напори за постигнување прекин на огнот се во тек, но дека тоа не е лесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот