Мијалков: Толку пари да снема од партиската каса и никој да не забележи, не ми е верно тоа

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

По признанијата од страна на обвинетите во „Плацеви на ВодноРисто Новачевски, Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ на минатото рочиште, кога со сведочењата потврдија дека сè е точно во обвинението на Лиле Стефанова и раскажаа како му помогнале да ја затскрие Никола Груевски фирмата и плацевите кои ги купил преку неа со пари од членарината на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, денеска одбрана даде Сашо Мијалков, објави СДК.

Мијалков е обвинет дека со умисла помогнал во перењето на парите на избеганиот поранешен премиер, кој ги собрал од сефот на партијата.  На почетокот кажа дека ќе дава одбрана, но апелираше судијата Илија Трпков најголема доверба да поклони на фактичката состојба, а не толку на неговата и на изјавите на останатите обвинети, за кој тој рече дека имало невистини. На прашање на неговиот адвокат, сепак кажа дека никому не дал ни упатство, ни совет, ни средства за да се исперат пари. Тој рече, ни според досегашната фактичка состојба, никаде нема доказ дека тоа тој го сторил.

„Никогаш од мене и не побарал некој да му помогнам да прикрие незаконски имот. Тоа само Александар Ивановски (Алек Теранова) го тврди, а нигде не видовме доказ за тоа”, негираше Мијалков.

На следно прашање, дали отстапил офшор компанија за да се поминат паричните средства на Груевски кои се од кривично дело, одговори:

„Не сум знаел за нелегални пари. Не сум имал допирна точка до партиската каса. Никој не спомнал дека недостасуваат толку многу пари. Толкав износ да снема, а никој да не забележи? Не ми е верно мене тоа”, кажа Мијалков.

Камчев позитивен на ковид дојде на судење за случајот „Плацеви на Водно“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот