Михајловиќ: Ни треба гасовод кон Македонија, со два крака – кон Солун и кон Драч

Фото: МИА

Веќе сме во „енергетска војна“, оценува српската министерка за рударство и енергетика

Српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска оцени дека Русија води освојувачка, а не ослободителна војна, а рускиот претседател го доведува целиот свет, секој граѓанин, секое дете, „на чекор од страдањето“.

-Во таква ситуација мораме да имаме јасен став и да си го најдеме местото во наредните 100 години. Светот се менува, геополитичката ситуација е поинаква, а ние мораме да гледаме во иднината и да си го бараме местото, рече Михајловиќ.

Таа додаде и дека целиот свет е во енергетска светска војна и дека и покрај кризата Србија прави се за да обезбеди доволно количество енергенти за стопанството и домаќинствата.

-Она што се случува со нафтоводот „Дружба“, кој е најдолгиот нафтовод во светот, долг околу 4.000 километри и низ кој поминува само руска нафта, изгледа како продолжение на она што се случи со гасоводот Северен тек. Бидејќи прво се мислеше дека е одржување, па се зборуваше дека има дефект, па се покажа дека не е така, туку се работи за саботажа, рече срспката вицепремиерка.

Таа повтори дека нема опасност од недостиг на нафтени деривати на српскиот пазар и дека новиот пакет санкции на ЕУ со кој се забранува увоз на руска сурова нафта нема да влијае на стабилноста на снабдувањето.

Михајловиќ оцени дека изградбата на нафтовод до Унгарија и до Албанија и Грција, преку Северна Македонија, ќе значи дека Србија станува транзитна рута.

-Го имаме Јанаф, преку тој гасовод добиваме нафта, но важно е стратешки да размислуваме. Нафтовод од Панчево до Ниш, Скопје и два крака – до Солун и Драч, а од друга страна, изградба на нафтовод од Панчево до Унгарија, би значело да Србија станува транзитна рута. Станува збор за инвестиции од 500 до 700 милиони евра, но тоа е вообичаено за вакви големи проекти кои се значајни не само за Србија и регионот, туку и за пошироко, се наведува во соопштението за медиуми на вицепремиерката Михајловиќ.

Таа додаде дека кога станува збор за Турски тек преку кој Србија добива гас, важно е дека државата реагирала, доколку има некакви најави, сите надлежни институции кои се занимаваат со тоа да се грижат за она што минува низ Србија да биде заштитено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот