Михаил Парушев со својата „Парусион груп“ во проширен состав ќе одржи концерт во „Станица 26“

Михаил Мишко Парушев е композитор и свири на ударни инструменти

Нови и моќни вокално-инструментални фанк њу поп-џез композиции на Михаил Парушев ќе можат да се слушнат на 4 октомври, од 20:30 часот, во „Станица 26“ во Скопје. Станува збор за материјали од новиот музички проект со наслов „За арно, за убаво“ на авторот Михаил Парушев, кој е тапанар и лидер на „Парусион груп“.

На концертот тој ќе настапи заедно со пријателите Зоран Костадиновски (гитара), Јован Цветковиќ (пијано), Иван Бејков (бас-гитара), Трајче Велков (труба), Петар Колевски (саксофон), Петар Христов (сопран саксофон), Драган Трајковски (вокал) и Елена Васова (вокал и перкусии).

На концертот ќе има уште неколку гости, кои ќе бидат изненадување за публиката. Концертот е поддржан од Министерството за култура на РСМ.

Музичарот Михаил Мишко Парушев е композитор и свири на ударни инструменти. Роден е во Скопје во 1976 година во семејство на музичари. Почнал да свири на тапани на шестгодишна возраст. Парушев е член на познатиот музички бенд „Леб и сол“.

Како автор и композитор настапува со „Парусион груп“, состав со кој одржал концерти низ целата држава, а годинава настапи и на фестивалот „Скопско лето“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 249, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 28-29.09.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот