Мигранти од Пакистан се степале во Ваксинце: Двајца со убодни рани пренесени во болница

Во село Ваксинце, општина Липково се случила тепачка помеѓу мигранти од Пакистан, а двајца од нив со убодни рани на нозете биле пренесени во болница во Скопје.

Синоќа во полиција било пријавено дека има повредени странски државјани. Полициски службенци излегле на местото и ги затекнале А.Р.(23), М.К.(20), Х.А.(23) и Н.Т.(24), сите од Пакистан, кои имале повреди по телата.

Според нивно кажување тие биле нападнати од неколку други лица од Пакистан кои побегнале.

Лицата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош, по што А.Р. и Х.А., кои имале убодни рани во пределот на ногата, биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите биле задржани за лекување во болницата Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот