Мицотакис на светскиот натпревар по роботика во Атина на кој учествуваат и македонски средношколци

Мицотакис на Саемот за роботика во Атина/Фото: Фејсбук

Имам огромна доверба во вашата генерација. Вашите умови ќе ни помогне да ги решиме сложените проблеми на иднината, им порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на учесниците на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“ што за првпат се одржува во Атина со учество на ученици од 193 земји, меѓу кои и од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека на стадионот постои позитивна енергија, им честита на учениците за учеството, истакнувајќи дека натпреварот не е само да се изработи на најдобриот робот или да се победи, „туку е средба со други луѓе, градење пријателства и разбирање на вредноста на соработката и почитта“.

-Само што се вратив од Генералното собрание на Обединетите нации и кога влегов на стадионот помислив: колку е различно, нашата генерација се бори против сите проблеми, но вие ни испраќате порака како да работиме заедно за да ги решиме проблемите во иднина, порача Мицотакис.

Додаде дека во време на голема поделеност, важно е да постои соработка за справување со големите предизвици, како климатските промени и вештачката интелигенција.

-Ако не можеме како земји да се разбереме меѓу нас, нема да можеме да ги решиме проблемите. Па така, вие ни го покажувате патот“, истакна Кирјакос Мицотакис.

Надлежниот заменик-министер за дигитално управување и основачот на „FIRST Global Challenge“ го информираа грчкиот премиер за светскиот натпревар што се нарекува и роботската Олимпијада бидејќи го следи моделот на Олимписките игри, Мицотакис разговараше со дел од учениците и ги разгледа изработените роботи.

Како што вчера објави МИА, петмина средношколци од Северна Македонија и нивните двајца ментори со „Експлозивниот ајвар“, како што е името што му го дале на роботот, учествуваат на светскиот натпревар што започна во четвртокот, а завршува утре.

Тимот на „Експлозивен ајвар“/Фото: МИА

Учениците Димитриј Митковски, Елени Трпковска, Давид Маневски, од средното училиште „Георги Димитров“, ученикот Тимотеј Николовски од „Михајло Пупин“ и Марко Јанкуловски од средното училиште „Јахја Кемал“ и нивните ментори Јаков Спировски и Ален Куљеван, заедно со нивни врсници од над 190 земји ќе се обидат да најдат одржливи решенија преку инженерството и роботиката за глобалните проблемите меѓу кои и справување со кризата со храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот