Мицкоски: Сега нема пари, но со ребаланс на Буџетот ќе има две линеарни зголемувања на пензиите

Пензионери / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Премиерот Христијан Мицкоски најави две линеарни зголемувања на пензиите. Првото линеарно зголемување, како што најави Мицкоски ќе биде со септемвриската пензија, кога ќе бидат покачени за 2.500 денари, а второто во март.

Во моментов, како што изјави тој, со Буџетот за оваа година нема пари за зголемување на пензиите, но со ребалансот ќе се обезбедат пари.

– Од она што можам да видам дека и со оној првичен Буџет којшто е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Ќе имаме најверојатно две линеарни зголемувања најверојатно. Ќе биде ова потврда во текот на утрешниот ден или денот потоа. Имаме две, едно со нивелирањето сега во септември линеарно зголемување од 2.500 денари и другото ќе биде во март уште 2.500 денари. Најпрвин треба да обезбедиме со ребалансот 2,5 милијарди денари околу 40 милиони евра. Во овој Буџет тие пари недостасуваат. Се трошеле за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи. И уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување сега што ќе биде во септември, за овие три месеци септември октомври ноември бидејќи пензиите ќе се исплаќаат тогаш. Останатите ќе бидат во март – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по денешното ставање на камен-темелник на училиште во скопската населба Драчево.

Тој додаде дека со тоа, ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари во првата година ќе биде и порано исполнето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот