Мицкоски се сретна со првите луѓе на СОНК: Платите ќе растат согласно можностите на економијата

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министрите за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, образование и наука Весна Јаневска и Министерство за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се сретнаа со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, известуваат од Владата.

„На средбата се разговараше за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата“, наведено е во владиното соопштение.

„Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати. Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат одржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки“, рекол Мицкоски, според Владата.

„Дијалогот продолжува!“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот