Мицкоски: Работиме спортските канали да се емитуваат на јазиците кои ги користиме во државата

Премиерот Христијан Мицкоски / фото: Влада

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање околу тоа дали се презема нешто во врска со ставањето ред во употребата на македонскиот јазик, особено со емитувањето на странските спортски канали во државата, рече дека Владата веќе има формирано Комисија којашто има задача да направи напор да се користи македонскиот, албанскиот и останатите јазици во државата.

„Колку човек повеќе знае јазици, тоа е богатство. Јас тоа секогаш го зборувам и тука нема нешто коешто би било лошо. Но, добро е да си го заштитите вашиот мајчин јазик и добро е кога економиски оператори остваруваат некаков профит овде да знаат барем да го почитуваат македонскиот јазик, и во рамките на тоа формиравме Комисија на Владата на седницата на Владата, во вторникот“, изјави Мицкоски.

Комисија којашто ќе има за задача да оние канали коишто преку кабелските оператори сѐ уште не го употребуваат македонскиот јазик да се направи еве, еден таков вид на напор, да видиме, да тоа унапредување почне и да може да се користи и македонскиот и албанскиот јазик исто како и сите останатите јазици коишто во моментов, сега се користат”, изјави премиерот Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот