Мицкоски: Посетата на Орбан ќе отвори нови можности за економска и културна соработка

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан во земјава, на „Фејсбук“ напиша дека посетата ќе отвори нови можности за економска и културна соработка.

– Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, пишува во објавата.

Унгарскиот премиер попладнево со владина делегација во која има десетина министри, пристигна во Охрид, каде утре ќе има средба со премиерот Мицкоски, а ќе се одржи и меѓувладина седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот