Мицкоски има право да каже дека не ни треба ЕУ, но треба да ни каже и кое е решението, смета проф. Чупеска

„Не е конструктивен ставот однапред ние да се самоблокираме за некој во иднина да не ни стави вето“, рече универзитетската професорка Ана Чупеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

„Вето во иднина може да ни стави кој сака и тоа не само за билатерални прашања, туку и за владеење на право, за работа на судството, за монополи и олигополи и преговорите се уште помакотрпен пат и никој нема гаранција дека нема да се соочи со некакво вето, но затоа постојат меѓународни договори, кои во вакви контексти се склучуваат на добра волја“, рече таа.

Чупеска се осврна и на ставот на премиерот Христијан Мицкоски по одвојувањето на Албанија од Македонија од европскиот пат.

„Мицкоски вели не благодарам и со тоа ја присвојува пораката не ни треба ЕУ. На крајот и тоа е принципиелен став дека не ни треба ЕУ, но нека ни каже што ни треба, мора да постои решение“ порача Чупеска.

Чупеска смета дека не постои можност да се промени преговарачката рамка и упати забелешка зошто владата го билатеризира прашањето за евроинтеграции, додавајќи дека преговарачката рамка е европска, а не бугарска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот