Мицкоски: Германската „ЕПСОТЕХ“ и белгиската „АИМ“ ќе инвестираат 20 милиони евра во нов производствен погон

Христијан Мицкоски, премиер Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи најави нова германско-белгиска инвестиција. Тој соопшти дека германската компанија „ЕПСОТЕХ“ во партнерство со белгиската „АИМ“ ќе инвестираат во изградба на нов производствен погон, за што ќе бидат вложени 20 милиони евра.

– Одлична вест за сите граѓани е дека германската компанија „ЕПСОТЕХ“ во партнерство со белгиската „АИМ“ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон, за што ќе вложи 20 милиони евра. Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија. Со градежни активности се почнува на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Тоа што е значајно дека дел од инвестицијата е и Центар за истражување и развој што дава голема додадена вредност и ќе значи ангажирање на високостручни вработувања. Инвестициите се решението за подобар живот на граѓаните – напиша Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот