МИА, ЕЛЕМ и Македонски пошти со нови називи

Фото: МИА

На вчерашната седница на Владата, беше разгледан и усвоен и Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој нови називи добија МИА, ЕЛЕМ и Македонска пошта.

Според информациите од владината-веб служба, од сега новиот назив на АД Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), новиот назив на АД Електрани на Македонија – ЕЛЕМ ќе гласи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и новиот назив на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ во државна сопственост – Скопје, ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје.

Од друга страна, усвоена е и предлог одлука за изменување и дополнување на Статутот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија со која се преименува во Електрани на Република Северна Македонија, АД ЕСМ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот