Мет Дејмон го предупредил Бен Афлек за Џеј Ло: „Што таа некогаш направила за тебе?“

Мет Дејмон и Бен Афлек / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Некои сè уште мислат дека романсата меѓу славниот пар Бен Афлек и Џенифер Лопез е завршена. Како што објави „Мирор“, од тоа се плашел и најдобриот пријател на Афлек, Мет Дејмон. Иако Дејмон решил да го поддржи својот пријател во која било одлука, тој го советувал да се фокусира на кариерата.

„Мет се обиде да го предупреди Бен кога се врати со Џеј Ло дека тоа може да се случи. Мет беше таму за да му помогне на Бен по нивното прво раскинување и имаше чувство дека тоа ќе се повтори“, рекол изворот.

Инаку, Дејмон и Афлек се добри пријатели, а заедно ја основаа продуцентската куќа „Artists Equity“, а го напишаа и сценариото за филмот „Добриот Вил Хантинг“ („Good Will Hunting“).

Меѓутоа, освен што се добри пријатели и колеги, Афлек ги цени љубовните совети на Дејмон затоа што тој е во брак со неговата сопруга Лусијана Баросо веќе 18 години.

„Бен помина толку многу време фокусирајќи се на проектите на Џеј Ло, исто како и првиот пат. Мет му рече на Бен: ‘Што таа некогаш направила за твојата кариера?’“, рекол изворот за тоа зошто Дејмон го советувал својот другар да се фокусира на неговата кариера.

Покрај Дејмон, како што пишуваат медиумите, за Афлек се грижат и други пријатели, за кој рекоа дека поради тага повторно почнал да пие алкохол.

„Тие навистина се грижат за него“, изјави изворот претходно кога почнаа гласините за наводниот развод на славната двојка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот