Меси би можел да го пропушти четвртфиналето на Копа Америка

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Ноќта меѓу четврток и петок, по средноевропско време, аргентинската фудбалска репрезентација ја продолжува одбраната на титулата на Копа Америка, а во четвртфиналната битка со Еквадор (03.00 часот) би можела да настапи без својот лидер и најсилен адут, Лионел Меси.

Капитенот на актуелниот светски шампион се повреди во второто коло од групната фаза, против Чиле, поради што го немаше во протоколот на мечот против Перу, а сега големо прашање е дали ќе може да му помогне на тимот во мечот без опоравување.

– Ќе почекаме уште неколку часа пред да донесеме конечна одлука. Секогаш е подобро да имаме уште еден ден – изјави селекторот на Аргентина, Лионел Скалони на последната прес-конференција,  пренесоа медиумите.

Се разбира, Скалони сака да има таков велемајстор за додавање, дриблинг и шут во офанзивната линија како легендарниот играч на Барселона, поранешна ѕвезда на Пари Сен Жермен и сегашен член на Интер Мајами.

– Сакаме Меси да биде во тимот. Доколку не е подготвен, ќе го бараме најдоброто решение за репрезентацијата. Мислам дека е добро да тренира – се надева стратегот на „гаучосите“.

Натпреварот меѓу Аргентина и Еквадор ќе се игра утре во Хјустон, а Скалони го респектира противникот во битката за полуфиналето.

– Еквадор е трениран тим со добри играчи и добар селектор. Тие се еден од најдобрите селекции на Копа Америка. Имаат реални шанси да се борат за титулата – заклучи Скалони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот