Месечниот циклус и неговата поврзаност со Месечината: Врска која се губи поради современиот начин на живот

Жена и месечина
Силуета на жена и Месечината / Фото: Pexels

Навистина, постои врска помеѓу месечниот циклус и Месечината, иако тоа е доста тешко да се „фати“ денес поради современиот начин на живот, е заклучокот на новата студија од Универзитетот во Вирцбург.

Студијата се заснова на податоци од 22 жени кои воделе евиденција за своите менструални циклуси до 32-та година од животот, а тимот предводен од Шарлот Хелфрих – Форстер, зоолог и невробиолог, го испитал влијанието на должината на циклусот и важноста на три лунарни ритми. Се покажало дека всушност постои поврзаност помеѓу почетокот на месечниот циклус и фазите на Месечината, се наведува во извештајот објавен во „Science Advances“. Таквата синхронизација е во повеќето случаи релативно кратка и се јавува само под посебни услови.

Unsplash
Фото: Unsplash

Одлучувачки фактор е должината на циклусот, се наведува во публикацијата. Податоците покажуваат дека само кога менструалниот циклус бил подолг од 27 дена, тој може да остане синхронизиран со полна или нова месечина некое време. Ова се совпаѓа со резултатите од претходните студии. Исто така, тимот открил дека бременоста е поверојатна кога циклусот одговара на синодичен месец од околу 29,5 дена, односно време од полна до полна месечина.

Гравитацијата исто така има ефект, иако, според истражувачите, Месечината е најважниот фактор.

Покрај синодичката месечина, тимот ги разгледал и таканаречената тропска месечина (27,3 дена) и аномалната месечина (27,5 дена), кои се поврзани со наклонот и екстремните точки на орбитата на Месечината.

Unsplash
Фото: Unsplash

Врската помеѓу полната месечина и менструалниот циклус е особено честа во оние години кога Сонцето, Месечината и Земјата биле на приближно иста линија и кога Месечината била најблиску до Земјата, забележува тимот на Хелфих – Форстер. Тоа било случај во 1961, 1979, 1997 и 2015 година.

Unsplash
Фото: Unsplash

Сепак, влијанието на Месечината врз менструалниот циклус е генерално прилично слабо. Поголемиот дел од времето, менструалниот период кај испитаните жени не започнувал со месечината, меѓу другото и затоа што времетраењето на периодот е обично пократко од 29,5 дена од синодичкиот месец. Покрај тоа, менструалниот циклус не само што станува пократок со возраста, туку и под влијание на вештачка светлина. Затоа истражувачите претпоставуваат дека циклусот некогаш бил поврзан со Месечината – но таа врска се изгубила поради современиот начин на живот, пишува „Спектар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот