Меланија го шокираше Доналд Трамп: „Не сакам да бидам прва дама ако победиш на изборите!“

Фото: Profimedia

Меланија Трамп не сака да биде прва дама, барем не со полно работно време, пишува „Пејџ сикс“, кој се повикува на избор близок до семејството Трамп.

Тие дознаваат дека Меланија склучила договор со Доналд Трамп дека, доколку тој победи на претседателските избори во САД, таа нема да биде постојано покрај него и дека нема да има бројни обврски како прва дама на државата.

Причината за нејзината одлука е што наесен Барон Трамп ќе ги започне своите студии на универзитетот во Њујорк, па Меланија решила предност да му даде на синот, а не на сопругот.

„Барон ќе учи во град со демократско мнозинство, па мајка му е загрижена како ќе се снајде таму, и тоа сам. Тој оди во непознат град, со дополнителен потенцијален стрес поради тоа што е син на Трамп, па Меланија ќе биде покрај него што е можно повеќе за полесно да се приспособи“, вели извор близок до семејството Трамп, кој ја опишува Меланија како исклучително заштитничка мајка, која ја отфрлила идејата нејзиниот син да се појави како републикански делегат на републиканската национална конвенција на Флорида.

Меланија Доналд Трамп
Фото: Profimedia

Да потсетиме дека во мај кабинетот на Меланија Трамп со жалење ја отфрли понудата на Републиканската партија на Флорида Барон да биде нивен делегат.

„Иако на Барон му е чест што Републиканската партија на Флорида го избра за свој делегат, тој не може да се согласи на тоа поради претходно преземени обврски“, пишувало во соопштението испратено од кабинетот на Меланија.

„Пејџ сикс“ понатаму наведува дека Меланија го сака Њујорк, дека тоа е град во кој се чувствува безбедно и се додава дека почнувајќи од есента, поголемиот дел од своето време ќе го поминува во кулата Трамп во Њујорк.

Што се однесува до Доналд, тој се согласил на сè.

„Доналд верува дека сите мајки и сите синови на овој свет ќе ја следат оваа ситуација со длабоко разбирање и ќе разберат како се чувствува Меланија“, пишува „Пејџ сикс“, во чиј напис се наведува дека Барон е пресреќен од одлуката на неговата мајка.

„Отсекогаш беше многу приврзан за својата мајка, која е најзаслужна за тоа што тој денес е пристоен млад човек. Во воспитувањето ѝ помогнаа и нејзините родители, кои се одговорни што денес Барон зборува и словенечки исто како и англиски“, пишуваат американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот