Меџити вели дека ќе го блокираат законот за бранители: За нив и без закон постојат социјални пакети

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ова не е прв пат да има закон за Бранителите.

Како што вели, додека бил ДУИ на власт или други партии, неколку пати се има случено да бидат носени закони или бенефиции за Бранителите и притоа не е донесена ниту една бенефиција за Ослободителната Народна Армија (ОНА-УЧК) иако претставници на власта произлегле од ОНА.

„Само да елаборирам. За нив и без закон постојат социјални пакети, тие се регистрираа на универзитетите безпари, во фондот за здравство не плаќаат, во болниците не плаќаат, нивните деца се школуваат безпари. Имаме случај Тарчуловски кој се осуди за воени злосторства, минатите влади плаќаа за неговата одбрана, кога се врати тука му дадоа еднократна помош, има значи повеќе случаи, а последниот случај е кога заменик Премиерот, господинот Груби, не Премиерот туку заменик Премиерот има потпишано одлука за случајот со Бранителите. Сега повторно, ова не е иницијатива на партнерите во власта, туку е иницијатива на СДСМ која до вчера пропагираше за еден граѓански концепт, каде граѓаните не ги делат на етничка база, кои имаат земено од 30 до 50 илјади албански гласови кои беа клучни за доаѓањето на СДСМ на власт и ако ви текнува со албанските гласови беше 49:51 не беше ни 50:50, значи овие беа клучни за доаѓањето на СДСМ на власт. Минатите 8 години имаа можност за да ги решат овие работи и не дигнале глас, а сега кога се формираше една нова влада, Славјанка, министерката за Одбрана која е од СДСМ со граѓански концепт предлага закон за Бранителите за да ја испровоцираат ситуацијата“, вели Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот