Меџити се сретна со хрватската амбасадорка Тигањ

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Скопје, Н. Е. Нивес Тигањ.

Меџити, според соопштението од неговиот кабинет, искажал благодарност за поддршката што Хрватска несебично ѝ ја дава на нашата држава во евроинтегративните процеси, истакнувајќи дека Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата се залагаат за исполнување на реформската агенда за пристапување кон Европската Унија и тоа е цврсто детерминирано во владините политики и закони, а во насока на фаворизирање на растот, инвестициите и вработувањето.

„На средбата се истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање имплементира многу проекти поддржувани од ЕУ преку ИПА програмата, меѓу кои и големи инфраструктурни проекти, како и национални стратегии за кои е потребна здрава економија и дека во последниве години е постигнат значителен напредок во областа и покрај тоа што сеуште останува најдминување на многу предизвици. Амбасадорката Тигањ му го честита назначувањето на Меџити на функцијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање и ја потврди подотвеноста да ѝ помогне на нашата држава со размена на искуства во програмските приоритети за остварување на соработката во рамки на Инструментот за предпристапна помош ИПА и во приближувањето и имплементацијата на националното законодавство во областа на животната средина со она на ЕУ“, велат од кабинетот на Меџити.

Тој додал дека „постои стабилна коалиција и дека е посветен на промена на концептот на владеење, којшто не треба да биде само симболика“.

Двете страни се согласиле дека заеднички интерс е обновувањето на Договорот за соработка меѓу двете држави потпишан во 2002 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот