Меџити: Нема потреба за загриженост, законот за бранителите нема да помине

Министерот Меџити и в.д. градоначалникот на Гостивар/Фото: Влада на РСМ

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на прес-конференција порача дека нема потреба за загиженост бидејќи законот за бранители нема да помине.

„Дилемата се поставува дали не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или тоа беа истите тие што преку ноќ станаа националисти и предлагаат ваков закон. Не им е грижа ни за бранителите ни за УЧК, ним им е грижа како да се спасат од одговорноста. Нема потреба за загриженост бидејќи тој закон нема да помине“, рече министерот Меџити.

Тој нагласи дека оваа Влада има историски најстабилно мнозинство од деведесеттата година навака и со 78 пратеници има капацитет да ги решава проблемите во владината коалиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот