Меџик Џонсон влезе во клубот на милијардери

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

НБА легендата Ирвин Меџик Џонсон е последната спортска личност која стана милијардер според магазинот „Форбс“.

Магазинот го процени Меџик на околу 1.2 милијарди долари. Џонсон така стана четвртиот спортист кој стана член на клубот на милијарди каде што се уште Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и Тајгер Вудс.

Целата кариера како играч, ја помина во Ла Лејкерс од 1979 до 1996 и освои пет шампионски прстени и трипати го освојуваше МВП признанието во регуларниот дел од сезоната. За време на кариерата Џонсон според „Форбс“ заработи 40 милиони долари, додека милијардер стана благодарение на одличните бизнис потези.

Џонсон е еден од сопствениците на бејзбол тимот на ЛА Доџерс, но им и акции во компании како „Старбакс“ и „Бургер кинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот