Медведев до Макрон и Шолц: Време е за пензија

Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

„Неуспехот на политиките на германскиот канцелар Шолц, и францускиот претседател Макрон, се причина за огромната победа на опозициските партии на изборите за ЕП“, коментира заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Според него, изборите за ЕП ја разоткриле „неспособната, идиотска економска и имиграциска политика на Шолц и Макрон кои ги поддржуваат националистичките власти во Украина по цена на животите на сопствените граѓани“.

„Причекајте и видете што ќе се случува. Време е за пензија“, порача Медведев.

Во Германија конзервативниот сојуз ЦДУ-ЦСУ освои најголем број гласови на изборите за ЕП со освоени 29,5 отсто од гласовите, а десничарската партија Алтернатива за Германија заврши на второто место со 16,5 отсто, што е за 5,5 отсто повеќе од 2019 година. СПД на канцеларот Шолц го зазема третото место со 14 отсто, што е историски минимум.

Во Франција, политиката на Макрон претрпе крах, а тој тоа го призна со распуштање на собранието и распишување вонредни парламентарни избори.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот