Мбапе против Кристијано Роналдо: Битка на „галактикоси“ на Реал од минатото и иднината

фото: EPA-EFE/KIKO HUESCA

Во петок од 21.00 часот во четвртфиналето на Европското првенство во Германија ќе се сретнат фудбалските репрезентации на Франција и Португалија. Иако на теренот ќе има многу играчи од светска класа, тешко е да се избегне дека ова нема да биде гладијаторски дуел меѓу Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе.

Ова не е прв пат овие двајца играчи да го делат теренот. Тие се сретнаа во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2017/18 година, кога Реал Мадрид лесно го победи ПСЖ на Килијан Мбапе со вкупни 5:2 на патот на Роналдо до четвртата титула во Лигата на шампионите.

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Но, тие никогаш не се сретнале на големо меѓународно натпреварување, бидејќи Мбапе сè уште не беше дел од сениорската француска репрезентација кога Португалија на Роналдо ги победи во финалето на Евро 2016.

Дуелот во Хамбург има сосема поинаков контекст во однос на средбата во ЛШ пред шест години. Тогаш Мбапе беше 19-годишен позајмен играч од Монако – полн со потенцијал, но далеку од „готов производ“.

Мбапе сега има 25 години, широко се смета за најдобриот играч во светот и со кого стојат Франција се надева на освојување на првата европска титула од 2000 година. Летово Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид каде се очекува да биде клучен играч. Роналдо ја имаше таа улога, во неговите најдобри денови.

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Шест години подоцна, Роналдо продолжува да привлекува внимание иако повеќе не игра во врвните топ 5 европски лиги, моментно ги брани боите на Ал Наср од Саудиска Арабија. Улогата на 39-годишниот во португалската репрезентација е предмет на голема дебата по неговиот настап во осминафиналето против Словенија, кој го одбележаа промашените слободни удари, одбранетиот пенал и солзите.

Сепак, Роналдо може да даде резултат кога е најважно, како што беше случајот со неговиот гол од пенал во рулетот – иако голманот Диого Коста беше тој што го украде центарот на вниманието со три последователни одбрани.

– Без разлика дали ќе го освои ЕП или не, Роналдо е легенда, голем респект за сето она што има направено – рече Мбапе за португалскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот