Маж пребегнал од Северна во Јужна Кореја, а потоа украл автобус и се обидел да се врати

Јужнокорејската полиција уапси севернокорејски дезертер кој се обидел да се врати во Северна Кореја во украден автобус, јави Би-би-си.

Мажот бил фатен вчера на Мостот на обединување што ги дели двете Кореи, откако ги игнорирал војниците кои побарале од него да застане, а потоа удрил со автобусот во барикада.

Тој на полицијата ѝ рекол дека сака да се врати во Северна Кореја откако доживеал тешкотии на југот, јавуваат јужнокорејските медиуми. Тој, наводно, ја напуштил Северна Кореја пред десет години.

Утврдено е дека во моментот на инцидентот не бил под дејство на алкохол или дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот