Масивен напад на Хезболах – Истрелани над 200 ракети и беспилотни летала кон Израел

Ракетите и беспилотните летала на Хезболах предизвикаа голем број пожари во северниот дел на Израел.

Либанската вооружена група лансираше повеќе од 200 ракети и беспилотни летала, како одговор на убиството на еден од нејзините високи команданти.

Израелската војска соопшти дека еден од нивните офицери загинал во баражот.

Војската, исто така, соопшти дека како одговор ги нападнала „воените структури“ на Хезболах и други цели во Јужен Либан.

Либанските медиуми јавија дека едно лице загинало во напад на израелско беспилотно летало во градот Хула.

Последниот бараж, кој уследи по оној со 100 ракети во средата попладне, беше еден од најголемите досега во деветте месеци на прекугранично насилство што ги зголеми стравувањата од сеопфатна војна.

Командантот на Хезболах убиен во израелски воздушен напад во близина на јужниот либански град Тир, Мохамед Нимах Насер, беше еден од највисоките личности во групата што биле убиени во конфликтот.

Израелската војска соопшти дека Насер командувал со единицата Азиз на Хезболах, која е одговорна за лансирање ракети од Југозападен Либан, и го обвини дека раководел „голем број терористички напади“.

Тел Авив, исто така, го опиша како „пандан“ на Талеб Сами Абдула, командант на друга единица чие убиство минатиот месец го натера Хезболах да лансира повеќе од 200 ракети и проектили во Северен Израел во еден ден.

Висок функционер на Хезболах рече дека ќе „таргетира нови локации“ во Израел како одговор на убиството на Мохамед Насер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот