Марина Димовска избрана за нова генерална секретарка на Собранието, Никола Ѓошевски нејзин заменик

Фото: Фејсбук/Марина Димовска

Пратениците денеска ја избраа Марина Димовска за генерална секретарка на македонското Собрание. За нејзин заменик е избран Никола Ѓошевски.

Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година. Никола Ѓошевски пак е дипломиран правник и магистер по корпоративното право.

Во рамки на седницата беа утврдени и оставките на досегашната генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски, кои на 1 јули поднеле оставки на своите функции.

Исто така, беа констатирани и оставките на Бобан Николовски и Синиша Стојановски од функциите пратеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот