Марин Ле Пен: Tаборот на Макрон е речиси целосно уништен

Ле Пен и Бардела/ Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN

Лидерката на францускиот Национален собир (НС), Марин Ле Пен, изјави вечерва, по излезните анкети на кои РН освои околу 34 отсто од гласовите на парламентарните избори во Франција, дека „таборот на претседателот Емануел Макрон е речиси целосно уништен“.

Таа повика на апсолутно мнозинство во вториот круг, за да може нејзината партија „да ја поправи Франција и да го врати единството“.

„Ништо не е освоено, а вториот круг е одлучувачки. Потребно ни е апсолутно мнозинство за да може Џордан Бардела да биде именуван за премиер од (претседателот) Емануел Макрон за осум дена“, им порача Ле Пен на приврзаниците.

Вториот круг од парламентарните избори е закажан на 7 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот