Марин Чилиќ ја освои првата АТП-титула од 2021 година и испиша историја

Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ успеа да дојде до титулата на АТП-турнирот кој на тврда подлога се играше во кинескиот град, Хангжу.

До титулата Чилиќ успеа да дојде во момент кога се наоѓа на 777. место на АТП-листата, а во финалето беше подобар од домашниот тенисер Жижен Жанг со 2:0 во сетови. Двата сетови Чилиќ ги доби во тај-брејк (7:6, 7:6), а резултатот таму на двапати беше 7:5 во корист на Хрватот.

Чилиќ до победата дојде за време од еден час игра и 53 минути и ова е негова прва титула по 2021 година.

Со оваа титула Чилиќ испиша и историја станувајќи најслаборангираниот тенисер кој освоил АТП-трофеј во историјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот